ФК Париз Сен-Жермен, Ле Пари Сен Жермен) е професионален француски фудбалски клуб од Париз кој игра во првата француска лига во фудбал. Својте домашни натпревари ги игра на стадионот Паркот на принцовите, кој е со капацитет од 48.713 места е дом на Париз Сен Жермен од 1974 година.ПСЖ е најуспешниот француски клуб во историјата во однос на освоените трофеи, со 34. На домашен терен, Парижаните освоиле шест титули од Лига 1, рекордни единаесет Купови на Франција, рекордни седум Лига купови, рекордни седум трофеи во Суперкупот на Франција и една титула во Лига 2. Во меѓународниот клупски фудбал, тие имаат освоено еден Куп на УЕФА, Куп на победниците на Куповите и еден Куп на Интертото на УЕФА.Основан во 1970 година, клубот е најзначаен за својот професионален тим за фудбал, кој игра на највисоко ниво во францускиот фудбалски шампионат во, Лига 1.

Париз С.Ж. е исто така единствениот клуб што никогаш не бил исфрлен од Лига 1,и е еден од само двата француски клуба кои освоиле голема европска титула,а исто така претставува најпопуларен француски клуб.Покрај тоа, црвено-сините имаат долгогодишно ривалство со Олимпик Марсеј.Најозлогласениот меч во францускиот фудбал, е познат како Ле Класик .Катарската акционерска организација Oryx Qatar Sports Investments (QSi) станала сопственик на клубот во 2011 година.Преземањето го направи ПСЖ најбогатиот клуб во Франција и еден од најбогатите во светот.

Comments

Post a Comment