ФК Париз Сен-Жермен, Ле Пари Сен Жермен ) е професионален француски фудбалски клуб од Париз кој игра во првата француска лига во фудбал . Својте домашни натпревари ги игра на стадионот Паркот на принцовите , кој е со капацитет од 48.713 места е дом на Париз Сен Жермен од 1974 година. ПСЖ е најуспешниот француски клуб во историјата во однос на освоените трофеи, со 34. На домашен терен, Парижаните освоиле шест титули од Лига 1 , рекордни единаесет Купови на Франција, рекордни седум Лига купови, рекордни седум трофеи во Суперкупот на Франција и една титула во Лига 2. Во меѓународниот клупски фудбал, тие имаат освоено еден Куп на УЕФА , Куп на победниците на Куповите и еден Куп на Интертото на УЕФА .Основан во 1970 година, клубот е најзначаен за својот професионален тим за фудбал, кој игра на највисоко ниво во францускиот фудбалски шампионат во, Лига 1 . Париз С.Ж. е исто така единствениот клуб што никогаш не бил исфрлен о...